Ќерката на Талат Џафери ќе врши надзор на парно греењето на скопјани

АД ЕСМ ги регистрираше трите компании со кои ќе се пријави на владиниот оглас за превземање на парно-греењето на Скопје на местото на Балкан Енерџи Груп. Дејноста на сите три претријатија е снабдување со пареа и климатизација на адреса на управата на државните електрани, пишува Фактор мк.

За таа цел формирани се три субјекти – ЕСМ снабдување со топлина која ќе ги наплатува сметките, ЕСМ дистрибуција на топлина која ќе ја превземе топловодната мрежа и ЕСМ производство на топлина што ќе треба да пронајде начин како со набавка на природен гас ќе затоплува околу 60.000 скопски домаќинства.

Месуд Јакупи (ИТ администратор), шефот на изборниот штаб на ДУИ во Студеничани, доби шестмесечен мандат како директор на ЕСМ снабдување со топлина, а во надзорниот одбор членуваат битолчанецот Петар Петровски, ќерката на претседателот на Собранието, Талат Џафери, Бесиана Џафери Беќири од Чаир и Зорица Гиовска од Гази Баба.

Во најважното претпријатие – ЕСМ производство на топлина за директор е назначен кичевчанецот Златко Пиперкоски, електроинженер кој лани беше разрешен од позицијата директор на РЕК Осломеј. Надзорниот одбор е составен од Соња Стефановска и Љубчо Кижевски од Скопје и Валбона Халили од Кичево.

За директор со мандат од шест месеци во ЕСМ дистрибуција на топлина е назначена Менка Јовановска од Битола како дипломиран машински инженер, а тројцата членови на Надзорниот одбор се Александра Маројевиќ, Џевит Ковачи и Билјана Николова, инаку сите од Скопје.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.