Ако не сте навлегле подетално во оваа тема или посебно не сте се заинтересирале, сигурно никогаш нема да се сетите дека има повеќе од два вида сервирање на храна




Oд она основното што го знаете – бифе/ буфет (шведска маса) и порционо. Работејќи во оваа индустрија толку години можам да кажам дека секој од овие видови на сервирање на храна има свои предности но и недостатоци. Доколку станува збор за ресторан, видот на сервирање на храната обично зависи од стилот на ресторанот или пак од расположението на гостите, понекогаши се случува и тие самите да го менуваат сервисот, доколку тоа е возможно. А во случај кога се организираат настани, се зависи од буџетот на оној кој го организира настанот и самиот стил на истиот.




Порционо послужување (А-ла-карт) – Мислам дека нема личност која немала искуство од ваков сервис. Сите ресторани кои работат по а- ла- карт мени го имаат ова послужување на храната. Гледате во менито, нарачувате порција и ја добивате истата пред вас.




Позитивните страни на овој сервис се тоа што порцијата е контролирана, нема потреба од високо обучен персонал, нема потреба од дополнителна опрема, а пак недостатоците се – веќе видено, класика од која некогаш сакате да избегате, или пак откако ќе ја донесат порцијата сфаќате дека не сте го сакале тоа јадење.




Буфет (шведска маса) – вториот најпознат сервис на храна каде позитивната страна е тоа што храната може многу убаво да се декорира и презентира, но исто така нема потреба од голем број на персонал за време на послужувањето и може да се послужи голем избор на разновидна храна која ќе го задоволи сечиј вкус. Недостатоците на овој вид сервис се тоа што не може да се контролира количеството на порцијата, па некогаш може да дојде до ситyација да се потроши повеќе отколку што е предвидено или платено.
Но, погледнете и како исто се служи храна. Би вечерале ли во ваков ресторан?