Иако откажувањето од пушење е најдобриот лек за кашлица кај пушачите, овој напиток секако може да помогне и да ве спаси од болката.




Негативните последици од пушењето се многубројни, а многу може да бидат и фатални. Оние помалку фатални, но сепак опасни, вклучуваат бронхитис, воспаление на мукозната мембрана на респираторниот тракт (бронхиите), а една од најчестите последици од никотинот е слузта што постојано се собира и упорната, деструктивна кашлица која се јавува веднаш по будењето.




Ако сте активен или поранешен пушач, вашите бели дробови веројатно не се во најдобра состојба. Еден од начините да ги исчистите е да земете напиток кој е подготвен со комбинација на храна која може значително да го подобри вашето здравје.
Подгответе чудесен еликсир од ѓумбир, куркума, кромид и шеќер и пијте го секојдневно, за многу кратко време ќе почувствувате дека полесно дишете.




Состојки:
400 гр кромид, 1 литар вода, 400 гр шеќер, 2 лажици куркума
3-4 см корен од ѓумбир
Подготовка:
Во водата додадете шеќер, ставете ја на оган и оставете да зоврие. Главите кромид исечете ги на четвртинки, излупете го коренот од ѓумбир, исечете го на ситни парчиња и додадете го во шеќерната вода. Кога смесата повторно ќе зоврие, додадете ја куркумата, па намалете ја топлината на минимум. Оставете ја смесата да се готви додека количината на вода не се намали за половина. Потоа, процедете ја смесата и истурете ја во тегла. Кога целосно ќе се излади, ставете го во фрижидер. Земете две лажици од напитокот наутро на празен стомак, како и навечер, два часа по вечерата.
Куркумата содржи супстанца наречена куркумин, која и дава исцелителна моќ да го намали воспалението во белите дробови. Тоа го спречува воспалението и го олеснува отежнато дишење. Кромидот го намалува воспалението на белодробните алвеоли и помага да се елиминираат штетните материи кои водат до белодробни заболувања, додека ѓумбирот може да помогне во елиминирање на насобраната слуз.