Фејсбук статус на Фуркан Салиу: Најлесно се разбираат со јазикот на тендерите

Статус на Фуркан Салиу

Го пренесуваме во целост

Вчера на партиската прослава на ДУИ имало свирежи кога некој се обратил на македонски јазик.

Како припадник на етничка заедница на која јазикот и е именуван како “20% јазик” знам како е да не ти се почитува мајчиниот јазик па така најостро го осудувам однесувањето на партиските симпатизери на ДУИ.

Уште по идиотски делува овој гест кога сите знаеме дека токму овие партиски членови најлесно се разбираат со јазикот на тендерите и тоа воопшто не им пречи кога се работи за пари.

Само јас и моите најблиски знаеме како се чувствувавме кога гледавме како млади студенти протестираат против правото на една етничка група да се школува на свој јазик.

И токму затоа знам дека јазикот е светост за било која етничка заедница и се обидувам да ги научам сите јазици кои се говорат во оваа држава.

Колку јазици знаеш толку вредиш. Само на Балканот јазикот може да стане пречка за комуникација.

Leave a Reply

Your email address will not be published.