ФОТО: Бугари се пофалија дека го исчистиле споменикот на Гоце во Скопје и му ставиле бугарско знаме

Членови на бугарската фондација „Македонија“ поставиле бугарско знаме на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје, објави фондацијата на социјалните мрежи.

Членовите на фондацијата, поставувајќи го бугарското знаме, се пофалија и дека го исчистиле споменикот.

Фондација Македонија повторно го исчисти споменикот на Георги Делчев во Скопје“, пишува во објавата од петокот.

Прв човек на оваа организација е Виктор Стојанов, кој во своето последно видеообраќање на Фејсбук се пофали дека веќе имале повеќе од 100 активисти, а повика и други да се приклучат.

Фондацијата е позната во македонската јавност по потези кои беа толкувани и како провокации. Лани во октомври, на пример, таа делеше примероци од книгата „Голема бугарска читанка“ на Кузман Шапкарев во поштенски сандачиња во Скопје.

Тој најави и дека деновиве во Македонија ќе пристигнеле „луѓе кои ќе ја шират нивната кауза“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.