Вечерва по полноќ нови цени на бензинот и нафтата за домаќинствата

Нови цени на горивата

Вечерва по полноќ ќе се зголемат цените на бензинот и на нафтата за домаќинствата, додека цената на дизел горивото нема да се менува. Бензинот од 95 октани ќе поскапи за половина денар, а за еден денар по литар ќе поскапат бензинот од 98 октани и нафтата за домаќинствата.

Од 16.8.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин – Еуросупер БС – 95 – 88,50 (денари/литар) Моторен бензин – Еуросупер БС – 98 – 91,00 (денари/литар)

Дизел гориво – Еуродизел БС (Д-Е V) – 90,00 (денари/литар), Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 86,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС – 52,814 (денари/килограм)

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,418 %.

Leave a Reply

Your email address will not be published.