Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св.Наум и Цар Самоил ќе се честуваат заедно со Бугарија
По пет препораки за Владите на Македонија и Бугарија им дава мешовитата историска комисија во однос на учебниците по историја, за шесто одделение во земјава и петти клас кај соседите.




Тие се однесуваат на античкиот период, како што појаснуваат од комисијата, за неосновани тврдења, недоследности и грешки во датуми и локации.




Препораките за Македонија се состојат од забелешки за античка Тракија и Трајкиците, за античка Македонија, мисијата на апостол Павле, историските карти на античката македонска држава и претставувањето на античките заедници. И Бугарија добива слични препораки за прецизирање на учебниците – за древна Тракија, терминот “бугарски земји”, за тракиската култура во антиката, античките заедници и историските карти.




Целта не е менување на историските факти, туку промоција на образование кое нема да биде основа за манипулации на младите генерации, велат од македонскиот тим на историската комисија.
Копретседавачот Драги Ѓоргиев тврди дека во ниту еден момент неговиот тим не подлегнал на политички притисоци со што се задржала нивната автономија во работата. .
Ѓоргиев вели дека препораките не третираат идентитетски прашања. Додава дека 19ти век, втората светска војна, Гоце Делчев се темите кои ќе бидат помачни за работа, но по секоја цена за нив не мора да се донесат заеднички решенија. Освен за учебниците, препораки има и за заедничко чествување на Цар Самоил, Св. Кирил и Методиј, Св. Наум и Св. Климент. Потребна е посветеност од политичарите и консензус во општеството за помирување, смета Ѓоргиев.
Препораките кои денеска МНР ги објави на веб сајтот на министерството се усвоени на меѓувладината седница уште во 2019та, но за денеска двете страни на комисијата се договориле да бидат објавени, а потоа обврската за усвојување и имплементирање останува на Владите и на образовните институции. Македонскиот тим историчари појаснува дека сега се работи на средновековниот период,