Министерката за култура за исврикувањето на македонскиот јазик: Провокации секогаш има и ќе има

Не обвинува никоја политичка партија

Министерката за култура, Бисера Костадиновска – Стојчевска во „Жешко политичко лето“ зборуваше за исвиркувањето на македонскиот јазик на прославата на Рамковниот договор.

„Провокации секогаш има и ќе има, но тоа не значи дека треба да останеме неми на ваква појава, иако верувам дека тие провокации не биле од чинители на власта.

Се надевам дека исвиркувањето е на сосема друг сегмент“, кажа министерката.

Исвиркувањето почна во момент кога водителката се обрати на македонски јазик пред присутните на плоштадот Скендербег во Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *