Дали „патлиџан туризмот“ е оправдан? Паштети и доматите на плажа не се зло, тие луѓе се херои

Почнаа преписките околу тоа дали „патлиџан туризмот“ како што го нарекуваат некои, е оправдан

Сепак, кои сме ние да судиме. Овој фејсбук статус е навистина реален и ја отсликува можеби најголемата вистина

Фејсбук статус на фејсбук страницата Мисија.

Јас стварно не знам која е поентава да се исмејуваат луѓе кои јадат домати и паштета на плажа? Па уште им смислија и навредливо име “патлиџан туризам”. Во какво болно општество живееме тоа е страшно. Имајте на ум пред да осудите и дискриминирате некој, дека не секаде тече мед и млеко и не секому животот му е мајка.

За мене лично овие луѓе во овие тешки времиња кои мака мачат од ден на ден а сепак успеале да си ги однесат своите деца на одмор се ХЕРОИ.

Толку е постот

Кое е вашето мислење?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *