Двегодишната битка за одбрана на бугарската позиција во однос на историските спорови со Македонија стигна до првата победа ова е ставот на бугарскиот националниот круг „За Македонија“.
Колегите во Скопје официјално го препознаа очигледното, кое и тие многу добро го знаеја. Цар Самуил е бугарски цар, учениците на Кирил и Методиј на покана на Кнезот Борис го ширеле својот збор низ целото бугарско кралство, а Преслав и Охрид се бугарски книжевни центри.
Сето тоа треба да биде запишано во детските учебници во Македонија велат бугарските професори.




Инаку вчера историската комисија најави дека цар Самоил, Св. Кирил и Методиј, Св. Климент и Св. Наум да се чествуваат заедно со Бугарија.




Препораки има и за измени во бугарските и македонските учебници. Копретседатрелот на комисијата Драги Ѓоргиев кажа дека не постојат рокови, туку само охрабрувања за конкретни резултати од работата на историчарите.