Цената на гасот во Европа се искачи над 2.450 долари за 1.000 кубни метри, првпат од 8 март, покажуваат податоците на лондонската берза ICE.




Од почетокот на денешното тргување цената скокна за повеќе од 6,0 отсто, пренесува агенцијата Тас.
Гасот за испорака во септември беше договорен во холандскиот центар ТТФ по цена од 2.464 долари за илјада кубни метри, или 234,5 евра за мегават-час (MWh), по тековниот курс на доларот во однос на еврото.




Гаспром претходно денеска објави дека неговиот извоз на гас во земјите надвор од Заедницата на независни држави (ЗНД) е намален за 34,7 отсто на 75,3 милијарди кубни метри во периодот јануари-јули 2022 година.




Гасоводот „Северен Тек 1“ со кој се транспортира гас од Русија до Европа, работи од 27 јули со околу 20 отсто капацитет поради исклучување на две гасни турбини. Една од турбините се наоѓа во Германија, каде што беше испорачана по ремонтот извршен од Сименс енерџи во Канада, а на 25 јули Газпром објави дека поради поправки на моторот бил принуден да ја исклучи втората турбина на компресорската станица Портоваја. Следствено, само една турбина сега е во функција.




Покрај тоа, операторот на системот за пренос на гас на Украина го прекина транзитот на гас за Европа преку станицата Сорановка од 11 мај, поради виша сила. Како резултат на тоа, Гаспром испорачува гас во Европа преку Украина само преку пумпната станица за гас Суја, бидејќи украинската страна ги отфрла барањата да пумпа преку Сорановка, според Тас.