СУСПЕНДИРАНА ВИЛМА РУСКОВСКА, поведена дисциплинска постапка

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска добила решение за суспензија.

Одлуката за суспензија е донесена откако против Русковска, но и Ивана Трајчева, како и Елизабета Јосифовска е покрената дисциплинска постапка, поради претресот во Финансиската полиција. Се бара утврдување на одговорност за трите обвинителки, објави А1.он за чиј медиум потврдила и самата Русковска.

„Само што добив решение за супспензија“, вели Русковска за „А1он“.

Членови од дисциплинската комисија за „А1он“ брифираат дека постапката за утврдување одговорност за сторена дисциплинска повреда се спроведува по поднесен образложен предлог од републичкиот обвинител, Љубомир Јовески. Тие брифираат дека кон предлогот се доставени и докази.

Поведената дисциплинска постапка е основ за трите обвинители, Русковска, Трајчева и Јосифовска да бидат суспендирани.

Според Законот за јавни обвинители одлука за оддалечување од вршењето на обвинителската функција ја носи републичкиот обвинител.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.