Објаснето зошто Русковска е суспендирана

Шефицата на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска, која денеска беше суспендирана, се уште не постапила по наредбата на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески кој ја задолжи да ги утврди околностите околу организирањето на претресот во Управата за финансиска полиција.

Ова за „Фокус“ го потврдува обвинителот Јовески.

-Не, до сега не е доставена бараната информација, вели Јовески.

Тој претходно во интервју за неделникот „Фокус“ појасни дека ја задолжил обвинителката Русковска да достави информација за постапувањето.

-Обвинителите кои го извршија надзорот утврдија дека на денот на вршењето на претресот обвинителката Вилма Русковска го започнала користењето на годишниот одмор. Во нејзино отсуство ја заменувала обвинителката Ивана Трајчева.

Барањето за наредба за претрес кое е изготвено во име на обвинителката Русковска го потпишала обвинителката Елизабета Јосифовска. За тоа кој го изготвил барањето, кој наредил да се потпише, дали обвинителката што го потпишала знаела што потпишува или тоа и било наредено, кој го доставил барањето до судот, кој го организирал вршењето на претресот, но и за други релевантни околности задолжена е обвинителката Русковска да достави информација до Јавното обвинителство на РСМ, појаснуваше Јовески.

Доколку пак обвинителката Русковска не ја достави бараната информација, тогаш посочи дека ќе превземе се што е во негова надлежност за да се расчисти случајот до крај.

-Како јавен обвинител ќе ги превземам сите неопходни чекори за утврдување на релевантните факти за евентуалната одговорност на јавните обвинители. Нагласувам дека незаконско постапување нема да толерирам!, изјави тогаш Јовески.

Leave a Reply

Your email address will not be published.