Брачен живот: Кои работи мора засекогаш да ги заборави ОМАЖЕНАТА ЖЕНА?

Брачен живот: Кои работи мора засекогаш да ги заборави ОМАЖЕНАТА ЖЕНА?

Колку се менува животот на жената кога ќе се омажи?
Речиси секоја жена сонува за совршен брак и семејство. За да го постигнете тоа, потребно е правилно да ги поставите приоритетите, односно да заборавите на некои работи што сте ги правеле пред брак.
Се разбира, истите правила важат и за мажите.

Себичност
Ако сте биле единственото дете во семејството, голема е веројатноста дека сте навикнати сè да биде по ваше. Но, кога ќе се омажите, повеќе не смее да има само „јас“, туку се повеќе „ние“.

Треба да заборавите и на навиката дека секогаш сте во право, бидејќи раскинувањето ќе биде неизбежно. За добар брак, важно е и двајцата да бидете подготвени на компромис.

Хистерија
Сите имаме моменти на лутина и нервоза, но никој не може да трпи хистерија секој ден поради секоја ситница. Исто така, уцените, изливите на гнев и гаѓањето на партнерот со предмети кои ви паѓаат во раце никако не се основа за добар брак.

„Озборување“ на сопругот со непознати
Нема причина да ги откривате вашите тајни и пикантерии на странци. За тоа има две главни причини – прво, најверојатно сопругот ќе се налути, а второ, друштвото ќе го смени мислењето за него, но и за вас.

Ограничена интимност
Не е добра опција да го „исфрлите“ сопругот од кревет секогаш кога нешто не ви одговара. Ваквата манипулација брзо ќе му здодее на секој маж и нема да чека долго да ве остави или да бара нежност на друго место.

Опсесија
Грижата за саканата личност е сосема нормална, но кога ќе стане опсесија, станува неподнослива. Дајте му време и простор на вашиот сопруг за неговите хоби, дружење со пријателите, читање, … Не мора да бидете негова сенка 24. часа на ден и да го знаете секој негов чекор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *