Јакимовски: има сериозни шанси некои од пратениците да гласаат за уставните измени, тоа ќе биде причина Мицкоски да замине од политиката

Јакимовски на Канал 5

Тој се сомнева дека изјавата на Мицкоски дека ќе си замине од политиката доколку само еден од пратениците на ВМРО ДПМНЕ гласа за уставните измени е наменска, бидејќи според него, тој навистина има намера да се повлече.

„Негови досегашни постапки покажуваат дека тој не сака да дојде на власт.

Тој практично под кумплунг ја држи опозицијата. Негова е изјавата дека е ова најслаба власт од 1945 до денес а тој петта година не може да ја урне најнеспособната власт во Македонија.

Очигледно е дека на ваков начин тој сака да се повлече од политиката, а јас мислам дека има сериозни шанси некои од пратениците да гласаат за уставните измени и тоа да биде причина тој да си се повлече од политичката сцена.

Со тоа, практично ја одиграл мисијата која што ја игра цело време, а е во договор со меѓународниот фактор, претходно со Заев а сега со Ковачевски и Црвенковски“, вели Јакимовски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.