Пет причини зошто одењето по песок е здраво

Освен пливањето, постои уште една корисна активност на одмор за која телото ќе ви биде благодарно, а тоа е одењето боси по песок.

Зошто треба да одите боси по песок и едноставно да уживате во прошетката?

 

Тренинг за неколку мускулни групи

Одењето по песок е необично оптоварување за телото, освен секако ако не живеете покрај море и тоа го правите секој ден. Оваа активност вклучува неколку групи мускули одеднаш. Не се активирани само стапалата, зглобовите и мускулите на нозете, туку и мускулите на задникот и стомакот.

Бавната, но долга прошетка покрај песочна плажа ќе ви ги тонира мускулите на нозете.

Ефикасно трошење калории

Според истражувањата, одењето по мека, нерамна површина може да согори многу повеќе калории отколку одењето по рамна површина. Тоа е поради фактот дека се вклучени повеќе мускули,

Добро расположение

Докажано е дека одењето по песок поттикнува производство на ендорфин, хормон на среќата. Тој не само што ќе ви го поправи расположението и ќе ве направи посреќни, туку и служи како одлична превенција од депресивни состојби.

Природен спа третман

Песокот е одличен природен пилинг. Контактот на стапалата и песокот ја поттикнува циркулацијата на лимфата, што е одлична превенција од васкуларни болести и проширени вени. Вдишувајќи го морскиот воздух, го полниме телото со јод кој е неопходен за сјајна кожа.

Намалување на стресот

Прошетката и контактот со природата, во случајов со песокот, овозможува полнење на резервите енергија, намалување на нивото на стрес, стимулирање на имуниот систем и подобрување на квалитетот на сон.

извор: kajgana.com

Leave a Reply

Your email address will not be published.