Како би изгледал светот со само 100 жители?

На планетата Земја моментално живеат нешто повеќе од 7 милијарди жители. Па за да се претстави демографијата и начинот на живот на луѓето, полесно е да се замисли светот како село од 100 жители. Па како би изгледал овој свет?

На нашата планета има повеќе жени отколку мажи, но бидејќи бројката не надминува 1%, ќе речеме дека во ова село живеат 50 жени и 50 мажи. Од нив 26 се деца до 14 години, 66 се луѓе на возраст од 15 до 64 години, а останатите осум се најстарите.

60 жители живеат во делот од ова село што се вика Азија, 15 во квартот Африка, 11 во Европа, девет во Јужна, а 5 во Северна Америка.

Меѓу овие жители, во однос на религија во која веруваат, 33 се христијани, 22 муслимани, 14 хиндуси, 7 будисти, 12 се припадници на други помали религии, а останатите 12 се атеисти.

Кога станува збор за јазиците што ги говорат, 12 зборуваат кинески, 5 шпански јазик, 5 англиски, тројца арапски, тројца хинду јазик, тројца бенгалски, тројца протугалски, двајца руски, двајца јапонски и 62 жители зборуваат на други јазици.

Од овие 100 луѓе, 83 се писмени, 7 имаат завршено факултет, 87 имаат пристап до вода за пиење, 78 пристап до електрична енергија, 75 имаат мобилни телефони, 30 активно користат интернет, 22 користат активно компјутер, а 65 имаат пристап до чист тоалет.

Leave a Reply

Your email address will not be published.