Начини на размислување кои треба да ги исфрлите за да бидете среќни

Доколку сакате да бидете среќни, треба да ги промените погрешните начини на размислување. Не може да бидете среќни и задоволни доколку постојано правите исти (погрешни) работи.

Па, доколку сакате да го промените начинот на размислување и да бидете среќни, исфрлете ги овие пет ставки од вашиот живот.

Престанете да драматизирате

Доколку мислите дека поради некоја мала грешка на работа ќе добиете отказ или на сличен начин драматизирате поради некој друг аспект од животот, време е да престанете со тоа. Сето тоа доведува до анксиозност, страв, стрес, па дури и безнадежност и беспомошност. За да се оттргнете од ваквите мисли, потрудете се да размислувате објективно или обидете се да се замислите дека таа ситуација му се случила на некој друг. Преспијте и утре ќе биде полесно.

Престанете со генерализирање

Колку често ги кажувате фразите како „Сите мажи се лажговци” или „Сите жени се спонзоруши”? Престанете да го правите ова бидејќи премногу повторуваната реченица ќе стане ваше длабоко уверување, а тогаш навистина околу вас ќе бидат сите мажи лажговци или жени спонзоруши. Најлесно ќе ја избегнете генерализацијата од употреба ако престанете да го користите зборот „сите”.

Не сфаќајте сè лично

Светот не се врти околу вас, ниту околу било кој друг. Имајте го ова на ум кога ќе тргнете да ги сфаќате работите лично. Реакциите на луѓето околу вас се предизвикани од нивните проблеми, а не поради вас. Престанете себе си да се обвинувате поради расположението на другите.

Престанете да се фокусирате на негативности

Ако сте од оние кои во сè гледаат нешто лошо, бидете свесни дека доколку сте фокусирани на негативност – ќе привлечете уште повеќе негативности во вашиот живот. Ништо во животот не е црно-бело и сè има свое објаснување, а лошите работи се тука за од нив нешто да научиме.

Избагнувајте го зборот „морам”

Ништо не морате во животот. Сè што правите е ваш избор, затоа исфрлете го зборот „морам” од употреба, бидејќи мозокот не сака наредби. Зарем не звучи подобро „Треба да направам извештај” од „Морам да направам извештај”? Во другиот случај, мозокот ќе почне да пружа отпор и само ќе се нервирате.

Leave a Reply

Your email address will not be published.