Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ индиректно ги отфрли барањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ уставните измени за Бугарите да бидат ставени веднаш на гласање во Собранието порачувајќи сосема спротивно – дека е рано за таква расправа и дека Владата има време за тој потег.
Тој наедно ги повика ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер христијан Мицкоски еднаш да бидат одговорни и да гласаат за тоа што е стратегиски интерес на Македонија.
-Скринингот ни дава доволно време да ги изведеме уставните измени. Убеден сум дека постои основа за тоа.
Ние како влада ќе понудиме платформа за поддршка на евроинтеграциите и сигурни сме дека ќе има можност да ја поддршат со широк консензус пратениците. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски треба еднаш да дадат поддршка за нашите стратегиски цели.
Го пропуштија тоа за НАТО и не би требало да го пропуштат и за ЕУ. Се надевам дека ќе смогнат сили како политичка партија или како политички структури во рамките на партијата за тоа. Ние ќе работиме на ова интензивно.
Процедурата во Собранието сепак ќе почне во некоја понатамошна фаза, сега е многу рано за тоа, рече Маричиќ.
Според него, тоа нема да биде едноставно, токму заради, како што рече, „овој притисок и премногу пропаганда и лажни вести поврзани со договорот со Бугарија“.
Околу исвиркувањето на македонскиот јазик на „мировниот фестивал“ на плоштадот Скендербег, за кој ДУИ и натаму молчи и не го осудува, вицепремиерот рече дека не бил пријатен настан, но дека оваа провокација не е организирана или поттикната од било кој преставник на власта, како што се случувало во минатото.
Исвиркувањето на било чи јазик и химна не е пријатно за никого, особено за мене како Македонец. Но, провокации имало секогаш, а разликата е што во последните пет години тие ниту се организирани, ниту се потикнати од било кој чинител на власта и на владеечката кооалиција. Во изминатите пет години сме сведоци како политички структури на Македонците давале поддршка за остварување на сите права на албанскиот народ во СРМ и како албански политички структури даваат целосна поддршка во заштита на македонскиот идентитет и јазик, и во преговорите со Грција, и во преговорите со Бугарија сега. Таа кохезија треба да ја негуваме и подобруваме зошто е здрава за општеството и затоа што политиката која се заснова на меѓуетн тензии и поделби во општеството не може да донесе ништо добро.Многу политичари играле на таа карта и изгубиле бидејќи граѓаните ја сметаат како инструмент на политичките структури за добивање политички поени“, рече Маричиќ.
Тој застана во одбрана на стручноста на Историската комисија на Македонија во спорот со Бугарија, нагласувајќи дека поголемиот дел од јавноста има доверба во неа и дека станува збор за експерти кои со години работат на оваа проблематика, а дел од нив и на на странски универзитети. Исто така, спомена Маричиќ, во комисијата бил вклучен и историчар по сугестија на опозицијата но тој самиот се повлече за време на локалните избори во 2018 година.
-Ним никој досега не им ја оспорил стручноста. Сосема се легитимни да разговараат и да расправаат за овие прашања“, беше категоричен Маричиќ.