Видео: Точел бензин и тргнал да запали цигара, па го запалил автомобилот

Посебно треба да се внимава на бензинските пумпи

Не случајно се укажува постојано

Пушењето е штетно и опасно по здравјето, особено ако пушите на бензинска пумпа.

Токму тоа го направил возач на крајот на минатиот месец на бензинска пумпа во Челјабинск, Русија.

На снимката од надзорната камера се гледа возачот на (Рено) Дачија Логан кој решил да запали цигара додека точи гориво.

Секако, штом ја вклучил запалката, се запалиле пареите од бензин, а огнот брзо се проширил и на автомобилот.

Добрата вест е што резервоарот за гориво не експлодирал и возачот бил доволно подготвен да влезе во автомобилот и да го оддалечи од бензинската пумпа на безбедно. Веднаш потоа се вратил и со противпожарен апарат се обидел да го изгаси пожарот.

Локалните медиуми јавуваат дека возачот е во болница со сериозни изгореници на нозете. Доволна лекција за сите пушачи да не палат цигара во близина на запаливи материјали.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *