Бектеши: Од понеделник ЕВН ќе наплаќа струја во Арачиново и во останатите 5 општини

 

Министерот за економија Крешник Бектеши попладнево имаше состанок со градоначалникот Ридван Ибраими, при што по завршувањето изјави дека од понеделник екипите на ЕВН Македонија непречено ќе работат на терен во Општина Арачиново и на тој начин ќе почне да се наплаќа струјата во оваа Општина, но и на другите места каде тоа досега не е извршено.

Министерот Бектеши исто така истакна дека како што беше одлучено пред неколку дена, вечерва ќе прогласат кризна состојба во енергетскиот сектор на национално ниво, но и најави оти ќе побара од МВР и другите надлежни институции да постапат во сите општини каде има големи загуби на струја, бидејќи според него, тие се на товар на сите потрошувачи на електрична енергија. Загубите на струја, како што рече, се признаваат како трошок кога се одредува цената за струјата.

Бектеши призна дека има загуби на електрична енергија во Општина Арачиново, меѓутоа, како што посочи, загуба има и во 5 други општини и тоа: Куманово – 16,2 посто, Тетово 10,7 посто, Гостивар – 19,3 посто, Кичево -12,1 проценти, Скопје – 19,6 отсто. Министерот најави дека кај сите овие општини и останатите ќе се постапува согласно закон.

– Ги повикувам сите да ги почитуваат законите, одредбите од законите се со цел да не се направи штета во делот на снабдување со електрична енергија, но и во делот на електродистибутивниот систем – рече Бектеши нагласувајќи дека крадење на струја или незаконски приклучок во дистрибутнивната мрежа е кривично дело кое се санкционира согласно закон.

Извор: Плус инфо

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *