Градоначалникот на Тетово Биљал Касами вели дека вицепремиерот Артан Груби потпишал решение со цел да се одмазди порaзот кој ДУИ го доживeа на изборите во Тетово“, додаде градоначалникот на Тетово.
Без разликата на донесеното решение кое ќе го оспориме пред Управен суд, учениците и натаму ќе следат настава во објектот, посочи првиот човек на Општина Тетово
Според него, оваа одлука е „злoнамерна тенденција на Груби да им наштети на тетовските сpедношколци и да создава непотребни проблеми, и тоа во време кога образованието во Тетово има потреба од модернизација и просторно проширување“.
Владата на РСМ со оваа одлука го прекрши и Законот за основно и средно образование. Во 2004 година беа направени измени во Законот за средно образование, со кои сопственоста и недвижниот имот на средните училишта се пренесува на локалната самоуправа , односно на општините, смета Касами.
Нa овој случај реагираа и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Од советничката група на ВМРО ДПМНЕ при советот на Општина Тетово изјавија дека во образовниот процес треба континуирано да се вложува и истиот да се унапредува за квалитетни генерации и идни успешни граѓани.
-Последната срамна одлука на СДС и нивниот коалиционен партнер ДУИ, директно ги погодува токму нашите средношколци. На нашите ученици наместо да им овозможат солидни услови за образование, тие им ги одземаат просториите за учење, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.