БОРБАТА ПРОДОЛЖУВА: Вучиќ смета дека нема да има договор за табличките и поважните прашања

Српскиот претседател ги заврши разговорите со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Габриел Ескобар.

Тој cмета дека е јасно дека околу табличките и поважните прашања не може да дојде до компромис со Косово.

Вучиќ потоа кажа дека разговорите ќе продолжат, во надеж дека ќе се постигне некое компромисно решение.

„Верувам дека ќе можеме во следните денови кои се пред нас макар за еден мал дел да постигнеме некое компромисно решение, бидејќи е јасно дека околу табличките и некои поважни прашања до такво решение не може воопшто да дојде“, порача Вучиќ.

„Но, во деновите пред нас ќе работиме вредно да го сочуваме мирот за нашиот народ, а истовремено да обезбедиме иднина за опстанокот на Србите на Косово и Метохија“, порача претседателот на Србија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.