За убаво да ни почне денот на оние кои сме опседнати со компјутери
Руската православна црква осмислила молитва за луѓе опседнати со компјутери
Руската православна црква (РПЦ) осмислила 39 нови молитви, вклучително и онаа за луѓе кои се „опседнати со страста кон компјутери“.




Молитвите станале дел од литургиските практики, а оние кои одат во црква ќе можат да ги побараат тие молитви.
Покрај тоа, меѓу новите молитви е и молитвата за луѓе кои се „опседнати со страста кон компјутерите“. Таа важи и за гејмерите. Ова доаѓа во време кога зависноста од видеоигри е официјално призната како опасно здравствено нарушување во Русија.




И Светската здравствена организација ја прогласи оваа зависност за нарушување на менталното здравје во 2018 година.
Сепак, според СЗО, зависноста може да се дијагностицира само од квалификуван медицински персонал, а симптомите мора да бидат присутни најмалку една година и мора да имаат негативно влијание врз семејството, училиштето, работата, социјалните вештини и другите сегменти од животот.



