Карта на најважните луѓе во светот; Хрватска ги има Тесла и Тито, Црна Гора Караџиќ и Србија Ноле

Дали знаете која е најважната личност од вашата земја, град? Па, оваа мапа може да ви помогне во тоа.

Станува збор за мапа направена од истражувачот и географ на Mapbox Топи Тјуканов, а на неа се вклучени сите најважни личности и местата каде што се родени. Така најпознато име во Србија е Новак Ѓоковиќ, а во Хрватска Никола Тесла.

Кога ќе ја пребарувате картата на Србија, ќе видите истакнати имиња на нашата политика и историја, но и спорт. Вака можете да ги најдете Слободан Милошевиќ, Константин Велики, Моника Селеш, Милева Мариќ и многу други.

Црна Гора, пак, ги има Радован Караџиќ, Петар II Петровиќ Његош, Веселин Шљиванчанин и Вељко Ражнатовиќ.

Босна и Херцеговина, сепак, е со најпознатите Гаврило Принцип, Иво Андриќ, Емир Кустуриќ, Бранко Ќопиќ и Милорад Додик. Додека Хрватска е со Никола Тесла, Тито, Марио Манџукиќ, Раде Шербеџија, Лука Модриќ и Горан Вишњиќ.

Кога станува збор за Лондон, излегува дека Чарли Чаплин е најважната личност во британската престолнина, иако се очекуваше тоа да биде некој од кралското семејство.

Што се однесува до САД, на топ-листата во Тексас се Селена Гомез, Томи Ли Џонс и Бијонсе, на Флорида водат Аријана Гранде, Џим Морисон и Томас Пети, а во Калифорнија Мерилин Монро, Камерон Дијаз и Шер, пишува Дејли мејл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *