СДСМ пука по сите шавови, разбрав дека Ковачевски е продолжена рака, ништо не е сменето, вели Димитриевски

Ние не дојдовме на власт за да го правиме истото што Груевски го правеше. Дојдовме да ја намалиме корупцијата и да ја зголемиме транспарентноста, а не да правиме квази демократија во која ќе гласаме претседател каде што има само еден кандидат. Лично не го доживувам Ковачевски да се спротистави на тие ставови како индивидуи. Ја узурпираа партијата, вели Димитриевски во ТВ21.

Тој додава дека ништо не е сменето, бидејќи едниот го довел другиот, мислејќи дека Заев го довел Ковачевски. Тој истакнува дека очекувал многу од него, но СДСМ пука по сите шавови

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска во летното издание „Click21“ на ТВ21 посочи дека поранешниот премиер и екс лидер на СДСМ, Зоран Заев го прошетал сегашниот премиер и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски неколку пати по странство а потоа го ставил за претседател на партијата.

„Како да биде сменето кога едниот го доведе другиот, го прошета 2-3 пати по странство на конференции, се правеа пародии со него и на крајот го ставија на местото каде што е“, вели Димитриевски.

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска во летното издание „Click21“ на ТВ21 вели дека секојдневно членството на политичката партија СДСМ се разочарувало и си заминувало.

Тој вели дека партијата му служи само на ДУИ.

„СДСМ кој што се претставува за власт денеска, е политички субјект под контрола на мала група на луѓе кои што ги користат своите јавни добиени функции за да извршат поголема контрола и централизација во партијата, и истата ја претворија, од сериозна политичка партија, во едно мало акционерско друштво во која што секојдневно членството се разочарува и си заминува“, вели Димитриевски.

Извор: ТВ21

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *