Максим даде мислење дали Ковачевски ја подобрил работата на СДСМ: Заев го прошета неколкупати по странство а потоа го стави за претседател, а ништо не е сменето

Ние не дојдовме на власт за да го правиме истото што Груевски го правеше. Дојдовме да ја намалиме корупцијата и да ја зголемиме транспарентноста, а не да правиме квази демократија во која ќе гласаме претседател каде што има само еден кандидат. Лично не го доживувам Ковачевски да се спротистави на тие ставови како индивидуи. Ја узурпираа партијата, вели Димитриевски во ТВ21.

Тој додава дека ништо не е сменето, бидејќи едниот го довел другиот, мислејќи дека Заев го довел Ковачевски. Тој истакнува дека очекувал многу од него, но СДСМ пука по сите шавови

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска во летното издание „Click21“ на ТВ21 посочи дека поранешниот премиер и екс лидер на СДСМ, Зоран Заев го прошетал сегашниот премиер и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски неколку пати по странство а потоа го ставил за претседател на партијата.

„Како да биде сменето кога едниот го доведе другиот, го прошета 2-3 пати по странство на конференции, се правеа пародии со него и на крајот го ставија на местото каде што е“, вели Димитриевски.

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска во летното издание „Click21“ на ТВ21 вели дека секојдневно членството на политичката партија СДСМ се разочарувало и си заминувало.

Leave a Reply

Your email address will not be published.