Се судриле АУДИ и ТАМЧЕ: Дури 7 лица се повредени во сообраќајка на автопатот Гостивар – Тетово

Се судриле АУДИ и ТАМЧЕ: Дури 7 лица се повредени во сообраќајка на автопатот Гостивар – Тетово

Две возила се судриле на автопатот Гостивар – Тетово во близина на Горно Седларце

Повредени се седум лица.

Во сообраќајката учествувале товарно возило „там“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.К.(56) од Велес и патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф.(29) од гостиварска Долна Бањица.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ф.Ф. и сопатникот во неговото возило А.З. од Долна Бањица, додека возачот на товарното возило и неговите сопатници О.У., М.А., Е.У. и А.У., сите од велешко Јаболчиште, се здобиле со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово, информираат од СВР Тетово.

По овластување на Јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од СВР Тетово.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *