НОВ ЗАКОН ВО ИТАЛИЈА: Не се разголувајте многу, може да си платите 500 евра казна

Со забраната сакаме да го заштитиме и подобриме квалитетот на животот и пристојноста во центарот на градот

Нов закон во Италија ќе санкционира ако се покажува премногу кожа. Секој кој оди на одмор во Италија би можел да доживее неочекувано изненадување.

Имено, во некои градови не е дозволено туристите да покажуваат премногу кожа, а доколку го направат тоа, им следуваат високи прекршочни казни.

На летниот одмор луѓето во главно се облекуваат лежерно, особено ако планираат да го поминат денот на плажа, а со новиот топлотен бран кој се шири низ Европа и неподносливите температури, не е ни чудно што мажите ги соблекоа маиците, а жените се „вовлекоа“ во бикини.

Но, доколку го направите тоа во Италија, според пишувањата на порталот „Blick“, постои опасност да бидете казнети и до 500 евра.

Крајбрежниот град Соренто во близина на островот Капри вовел ваков закон. Имено, ако ве фатат како шетате без маица, ќе мора да платите казна.

Италијанците сакаат да ги вратат квалитетот на живот и пристојноста
Градоначалникот Масимо Копола ја објаснил новата уредба:

„Со ваквата забрана сакаме да ги заштитиме и подобриме квалитетот на живот и пристојноста во центарот на градот и на јавните места“, изјавил Копола.

И на Шпанците им сметаат полуголите туристи

Но, Соренто не е сам на „военото поле“ – и други градови во Италија повеќе не сакаат да гледаат полуголи туристи. Градот Рапало во Лигурија поставил улични знаци кои ги потсетуваат посетителите соодветно да се облекуваат, а во приморското летувалиште Праја а Маре во Калабрија е забранета и непристојна облека, па дури и одењето боси.

Разликата од Италија до Шпанија е само во висината на казната. Шпанците би можеле да платат највисока казна од 300 евра за прекршување на правилата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *