ШОК И ТАГА: Најмалку 11 лица загинаа, а 34 се повpедени во автобуска несpеќа во Хрватска

Најмалку 11 загинати, а повеќе од 30 повредени луѓе во автобуска несреќа во Хрватска.

Автобус со полски туристи излетал од автопатот А4 утрово околу 5:40 часот, објави index.hr.

Несреќата се случила во близина на местото Подворец на 35 километри северно од Загреб

Повеќе пожарникарски тимови ги извлекуваат повредените кои се префрлени во болници во блискиот град Вараждин и во Загреб.

Полскиот автобус претходно влегол во Хрватска од Унгарија и се движел кон Загреб. Поради несреќата и спасувачката операција, на патниот правец А4 сообраќајот се одвива со ограничувања.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *