ДОАЃААТ ДУРИ ОД СОСЕДНИТЕ ЗЕМЈИ ЗА ДА ДОБИЈАТ ПОРОД : ВОДАТА ОД СЛИВНИЧКИОТ МАНАСТИР ЛЕКОВИТА

На само 3 километри од селото Сливница, местено во падините на Баба Планина се наоѓа манастирската црква „Рождество на Пресвета Богородица“ – Сливница, посветена на Мајката Божја.

Овој манастир е изграден во 1607 година, и според описот е граден во три фази, и тоа од 1607, од 1612 и главно во 1645 година.

Конаците на мaнастирот кои главно ги користат жителите на Преспа биле изградени кон крајот на XVII век, а по нивното опожарување, повторно биле возобновени во 1994 година.

Во дворот на овој манастир постои чешма за која се верува дека водата која тече од неа е лековита, па токму поради тоа доаѓаат луѓе од цела Македонија, па и од соседните држави.

Тамошните жители тврдат дека водата која извира од под манастирската црква лечи од болести и помага за пород. Чичко Бошко кој е домар во црквата вели дека бил сведок дека токму оваа вода помогнала на многу брачни двојки кои долги години не можеле да имаат деца. Но освен водата им помага и Богородица.

Чичко Бошко тврди дека самиот тој се уверил во тоа откако пресвета Богородица го спасила од змија пред 30 години. Тој вели дека во шумата близу манастирот берел печурки каде змија поскок била намотана околу една печурка од која за малку ќе настрадал.

Вели дека само што ја подал раката, чул непознат глас од шумата, кој му рекол да не ја фаќа печурката оти ќе го касне змија па од тогаш домарот почнал да верува во Бога и до денес не се дели од манастирот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *