Па ако ова не е реклама за здрав живот, тогаш не знаеме што е




Оваа 45. годишна мајка од Калифорнија тврди дека за неа и за нејзината 21 годишна ќерка често луѓето мислат дека се сестри, а сето тоа го припишува на здравиот начин на исхрана, навики на здрав живот, но и строг режим на нега на кожата.
Бев прилично млада кога ја добив својата ќерка, така што не е целосно невозможно да бидеме сестри, рекла Џолин Дијас.




Нејзината ќерка Меилани Паркс, очигледно се навикнала на споредувањње, бидејќи од мала и зборувале дека и е како сестра. Меѓутоа, се чини дека тоа на нејзе не и смета, бидејќи таа и Џолин се многу блиски. Но, сепак мајката има некои граници.




Со мојата ќерка не одам во клубови или кафулиња. Никогаш не сум го сторила тоа, иако ме зезале на моја сметка дека можеме да излеземе заедно. Сепак, не мислам дека ќе го направам тоа, заклучила мајката.