Како се движел автобусот само 7 минути пред да се случи немилиот настан
Страшната сообраќајна несреќа што се случи во раните утрински часови на автопатот А4 во Хрватска однесе 12 животи.




Хрватскиот „Јутарњи лист“ објави видео снимка од надзорната камера од клучката кај Брезнички Хум во Хрватска, што го „снмила“ полскиот автобус седум минути пред несреќата.
На видеото не се гледа никакво необично однесување на возачот.




Неколку минути подоцна автобусот излетал од автопатот при што загинале 12 патници, полски државјани, како што соопшти полското МВР.
Според информациите кои ги изнесе хрватскиот министер за здравство Вили Берош на вонредна прес-конференција, 19 лица се потешко повредени, а 13 полесно.




Видеото од автобусот седум минути пред несреќата погледнете го на следниот линк.