Осмата генерација на ГОЛФ би можела да биде последна? БАЛКАНЦИТЕ ВО ШОК !

Со целосно електричен погон, „VW ID.3“ е алтернатива на „Golf“ во компактниот сегмент.

Еден од најпопуларните компактни автомобили во светот, „VW Golf“, веројатно нема да добие наследник.

Причината се зголемените трошоци поврзани со развојот на возила со внатрешно согорување, како и сè построгите регулативи за емисиите на издувните гасови.

Сепак, ова е во спротивност со претходната најава на „VW“ во март 2021 година, потврдувајќи ги новите генерации за „Golf“, „T-Roc“, „Tiguan“ и „Passat“ пред марката да се префрли на возила само со електрична енергија за 8 години.

Сегашната генерација на „Golf“ беше претставена во 2019 година и се базира на најновата верзија на модуларната „MKB“ архитектура. Ова значи дека со фејслифтинг во 2023 или 2024 година, животниот циклус на „Golf 8“ би можел да се продолжи до 2028 година.

Дотогаш, електричните опции најверојатно ќе бидат значително поевтини од денес благодарение на поевтините батерии, што потенцијално ќе ги направи застарени алтернативите со внатрешно согорување во компактниот сегмент.

Зборувајќи за зголемените трошоци во ерата на регулација на емисиите на Еуро 7, Томас Шефер рече дека се очекува цените на возилата со конвенционален погон да се зголемат за 3.000 до 5.000 евра, бидејќи ќе мора да интегрираат софистицирани издувни системи.

Новиот шеф на Фолксваген изјави:

„Со мал автомобил, овие дополнителни трошоци тешко можат да се повратат. Така, почетната мобилност со мотори со внатрешно согорување ќе биде значително поскапа“, додавајќи дека „Индивидуалната мобилност е основна потреба и мора да остане остварлива во иднина“.

Извор: Б92

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *