Проф. д-р Никола Пановски во изјава за „Сител“ им порачува на заболените од Ков ид-19 повеќе да не трошат пари за тестирања, бидејќи тоа повеќе не е потребно.




Микробиологот вели дека во моментов бројот на заболени е 10 пати поголем од официјалната статистика, а многу од младите не ни знаат дека биле зара-зени.




– Нема потреба граѓаните сами да се тестираат и да прават трошоци, туку да се изолираат неколку дена. Нема никаков ефект освен финансиска загуба од тестирање, иако е точно дека некои бараат изолација за да добијат боледување. Кога би бирал меѓу ко-вид и ангина, сега би одбрал ков-ид. Така да мислам дека тестирањето не значи ништо, рече Пановски.




Тој се согласува дека не треба да се враќаат дел од задолжителните мерки и дека граѓаните се веќе свесни за сопствената заштита.




– Гледам дека некои луѓе носат маски, што не беше случај пред три недели. Болниците се се уште празни и нема нешто што треба да се одложува. Што ако го одложиме две недели?, вели Пановски.