Четврт бурек за скоро време би можел да достигне 100 денари

Поради скапите инпути, пекарниците планираат радикално да ја зголемат цената на бурекот и на велите пецива, објави 24 Вести по разговорите со претставници од оваа дејност.

Цената на четврт бурек би можела да достигне 100 денари во наредните неколку недели, најавуваат дел од пекарниците. Актуелната вообичаена цена, која ионака е зголемена, изнесува 70 денари.

Инфлацискиот шок особено го погоди производството на леб. Ржаниот леб достигна цена од 93, интегралниот 84, а белиот на парчиња е над 50 денари.

Според Сојузот на Синдикати на Македонија, цената на лебот за една година се зголемил за повеќе од 100 отсто.

извор. faktor.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *