Радев го поздрави Пендаровски за државниот празник Илинден

Бугарскиот претседател Румен Радев го поздрави својот колега Стево Пендаровски по повод државниот празник на РС Македонија, 2 Август Илинден, јавува Трибуна.

Претседателот Румен Радев испрати денеска поздравно писмо и имаше телефонски разговор по повод националниот празник на РС Македонија, 2 Август Илинден.

„Одбележувањето на Илинденско-преображенското востание во 1903 година зазема важно место во нашата општа историја и е само еден од примерите за богатото културно и историско наследство, што ги поврзува тесно нашите две држави и нивните граѓани“, изјави Радев.

Претседателот Радев посочил дека општата историја на Македонија и Бугарија треба да се претвори во реален фактор за зближување меѓу двете земји и државниците од двете страни треба да го дадат својот придонес за тоа.

„Зајавените амбиции за заедничка иднина во обединета Европа треба да водат кон реална изградба и продлабочување на добрососедските односи во интерес на граѓаните, нешто што тие го очекуваат“, подвлекува Радев, стои во соопштението на прес-службата на бугарскиот претседател.

Потсетуваме дека денеска во својот говор по повод 2 Август Илинден, претседателот Пендаровски упати низа навреди кон Бугарија поврзани со периодот на Втората Светска војна, истакнувајќи дека „историската вистина“ не може да се толкува како говор на омраза.

Leave a Reply

Your email address will not be published.