Среде венчавка невеста почиHала , a за младоженецот веднаш се омажила нејзината сестра

Невестата Сурба почиHала од срцев удар на сопствената венчавка, одржана во индискиот град Етаваху. Кога се онесвестила, веднаш бил повикан локален лекар, но не бил во можност да ја спаси.

Наместо да ја прекинат свадбената прослава, семејствата на невестата и младоженецот се согласиле нејзината сестра Ниша да се омажи за младоженецот Мањеша Кумар. Телото на Сурба било преместено во соседната соба за време на венчавката и подоцна било кремирано.

Еден од членовите на семејството на невестата за Дејли Меил изјавил дека тоа била тешка одлука.

“Не знаевме што да правиме во таа ситуација. Семејствата седнаа да се договорат, а некој и предложи на мојата помала сестра Ниша да се омажи за младоженецот и сите се согласија”, изјави за индиската новинаска агенција IANS братот на двете невести, Саурах.

Leave a Reply

Your email address will not be published.