Тоа бил најлошиот роденден што го имал
За грчки медиуми сведоштво за тоа што го преживеа Иван од Скопје
30-годишниот Иван од Скопје, кој пред еден месец заедно со своите пријатели исчезна на отворено море од плажата Мити на Халкидики, за грчката телевизија СКАИ ја раскажа својата потресна приказна за преживувањето и спасувањето.




Воедно, неговиот пријател, 31-годишниот Мартин Јовановски, сè уште не е пронајден и покрај големата потрага која се водеше по него.
„Вториот ден кога видов дека сите бараат на погрешни места, тогаш сфатив дека веројатно нема да ме најдат“, открива Иван за медиумот.




30-годишникот повеќе од 20 часа поминал во море, сам и беспомошен.
„Тоа беше најлошиот роденденски подарок“, признава тој за грчката телевизија СКАИ.




Еден месец подоцна, во разговор со новинарот Христос Николаидис го опишува хоророт, кога струите го носеле од плажата Мити до Посеиди на Халкидики каде го прославувал својот роденден.
На плажа со родителите отишле две мали деца, 6-годишниот Танос и 11-годишниот Трифон од Солун. Таму двете деца си играле со топката се додека во одреден момент таа не им паднала и ја одвлекле морските струи. Всушност, пливач кој случајно се нашол на местото на настанот во тој момент се обидел да ја фати, но безуспешно. Нивната мајка ја видела фотографијата со топката на Voria.gr и препознала дека е иста како онаа што нејзините деца ја изгубиле во Лемнос!