Од 1 септември во петто се спојуваат историја и општество,второодделенците ќе учат за идентитет
Дали новите наставни програми за второ и петто одделение се соодветно прилагодени за возраста на учениците?




Дел од социолозите имаат забелешки за концептот кој го скрои Бирото за развој на образованието на три недели до стартот на новата учебна годинa




Според Илија Ацески, поимите „идентитет“ и „национална припадност“ така како што сега се наведени за изучување во програмите тешко би ги разбрале деца од 7 и 10-годишна возраст. Додава дека генерално програмата е премногу широка и сеопфатна, а многу содржини од наставата за второодделенците се повторува и кај петтоодделенците, за што, како што вели, се потребни итни измени.




„Таа опширност која навлегува во речиси сите сфери на човековиот живот и тоа се треба да го симнете, наставно, така педагошки и методски, на ниво од таа возраст – но како?
Ние се уште не знаеме како ќе изгледаат учебниците. Но ова што е дадено мислам дека заслужува едно понатамошно елементарно преиспитување, прецизирање на целите на програмата и активно следење како таа се реализира, инаку ова вака е голем пропуст.“- Илија Ацески, социолог




Со измените во предметот Општество за 2. одделение, учениците ќе учат како да ги препознаваат различните компоненти на родовиот, етнички и национален идентитет, како да се справуваат и да ги препознаваат емоциите. Дополнително, учениците ќе треба да знаат кога и на кој начин за време на наставата треба да употребат компјутер или друг дигитален уред.
Предметите Историја и Општество, пак, се спојуваат и идните петтоодделенци ќе ги изучуваат од една книга.
Според програмата, овие ученици ќе учат да ги идентификуваат и почитуваат сите национални симболи и како да покажат чувство за припадност кон државата.
Од Министерството за образование велат дека во тек е постапката за набавка на учебниците по сите предмети – од 1. до 5. одделение за кои веќе се изготвени нови наставни програми.