БАЈДЕН НЕ МОЖЕ ДА СИ ГО ОБЛЕЧЕ ПАЛТОТО Нов видео-бисер стана хит на социјалните мрежи

Бајден мака мачеше да го облече палтото

Ветрот не му дозволи на американскиот претседател Џо Бајден да си го облече палтото, па за тоа по некое време мораше да му помогне сопругата Џил. Но, бисерот не остана незабележан на социјалните мрежи. Му паднаа и очилата за сонце. Ги подигна и како ништо да не било.

„Бајден не може да облече ни палто. Ова е тажно. И станува сѐ потажно“, напишал еден твитерџија, кој го споделил видеото на социјалната мрежа.

Некои коментирале дека ова е „само уште една од грешките на претседателот“, додека други напишале дека сите треба да го остават Бајден на мира бидејќи неодамна го преболел коронавирусот.

„Ветерот не беше негов проблем. Проблемот беше неговата дезориентација. Но, важно е обезбедувањето кое не ни мрда”, напишал еден твитерџија.

„Важно е да не може да го облече палтото, а таму го ставија Трамп“, вели трет.

„Што се случува со Америка кога претседателот не може да облече ни палто?“, вели четврт.

Ова се само дел од коментарите за палтото.

Leave a Reply

Your email address will not be published.