Лоша вест од македонските патишта: Жена и дете повредени кога со автомобил излетале од патот

Лоша вест од македонските патишта

Жена и дете повредени кога со автомобил излетале од патот

Жена и дете се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат с. Горно Седларце – с. Синичане.

Според информациите, несреќата се случила кога автомобилот со хрватски национални ознаки, управуван од С. З. (26) од с. Камењане, излетал надвор од патот. Во несреќата тешки телесни повреди добила С. З., а телесни повреди добил малолетен сопатник, констатирани во Клиничката болница во Тетово.

Извршен бил увид од екипа на СВР Тетово.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *