Лебот најмногу поскапе во Црна Гора, на кое место е Македонија во Западен Балкан?

Лебот најмногу поскапе во Црна Гора, Македонија е на трето место во Западен Балкан

Кризата си го прави своето, а ова дефинитивно е година на поскапувања.

Во претходниот период се соочивме со серија поскапувања на основните производи, а се зголеми и цената на лебот.

Статистиката на „Радио Слободна Европа“ покажува дека цената на лебот (во период од јули 2021 и 2022 година) најмногу се зголемила во Црна Гора, и тоа за 50 отсто.

Косово е на второто место со зголемување од 39 отсто, додека Македонија го дели третото место со БиХ (35 отсто).

Во Србија поскапувањето изнесува 24 отсто, додека во Албанија 20 проценти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *