Македонсkи туристи ќе ја поминат ноќта пред хотел во Грција???

Хотелот „Геракини Ситониа Вилиџ“ на Халкидики, Грција, им го прекинал одморот на 12 македонски семејства поради нерасчистени сметки со агенцијата преку која го уплатиле 8-дневниот аранжман.

А1он“ пренесува дека на 4-от ден од одморот, луѓето ги дочекало известување дека во четврток треба да го напуштат хотелот и да си побараат објаснување од агенцијата која ги немала целосно уплатено средствата на хотелот. Во моментов луѓе со мали деца се пред хотелот се обидуваат да добијат објаснување зошто добиле известување да си заминат.

„Никој од гостите нема да биде избркан, си остануваат до недела, до кога им е аранжманот. Дека е тоа така веќе се информирани сите туристи кои заминаа на одмор преку нашата агенција и тоа по СМС пораки“, се огласија од агенцијата за „ММС“.

„Станува збор за недоразбирање, кое веднаш е решено, туристите може да си уживаат во целиот одмор“, додаваат од „ЈК Травел“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *