Антониа Гиговска му откажа на Груби: Не ме интересира политика

Антониа Гиговска го откажа настапот на таканаречениот „Peace festival“, кој го организира Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците во рамките на одбележувањето на Охридскиот рамковен договор годинава.

Првото издание на фестивалот кој се стреми да стане традиционален, ќе се одржи на плоштадот „Скендербег” во Скопје со настап на познати музички звезди, меѓу кои и Антониа Гиговска. Заедно одбележуваме 21 годишнина од Охридскиот рамковен договор како и започнување на преговори за полноправно членство во Европската Унија, се велеше на фејсбук-страницата на Министерството.

Оваа објава сега е избришана и на нејзиното место стои најава за настапот на Владо Јаневски.

Младата пејачка, пак, порача дека го откажала настапот, кој бил резервиран од нејзиниот менаџмент, а за кој таа не знаела дека има политичка конотација.

Менаџментот прифати ангажман за кој не знаев/ не знаевме дека има политичка конотација, па оттаму бев приморана да го откажам мојот ангажман, се разбира со секоја почит према организаторот и према било која политичка страна, јас не сакам да бидам дела од такви манифестации бидејќи политиката не ме интересира.

Мојата работа е да правам музика која ќе остане и на фановите да им го дадам најдоброто од мене, стои во пораката од Гиговска.

На фестивалот кој ќе се одржи оваа сабота, 13 август 2022, на плоштадот Скендербег во Скопје ќе настапат и многу албански ѕвезди, кои на својот профил ги промовираше министерот Артан Груби:

Leave a Reply

Your email address will not be published.