Еве што значи кога ИГРА левото или десното око: Според народното верување, едната страна претставува ЛОШ знак

Сепак, иако медицината кажува едно, кај нашиот народ, но во туѓите култури, постојат и некои верувања кои ја објаснуваат причината за трепкањето на левото или десното око.

Верувања

Во Кина се верува дека играњето со левото око е знак на среќа, додека играњето со десното око носи лош знак.

На Хаваи има тотално поинакво значење, па играњето со левото око значи дека во вашето семејство ќе дојде непозната личност, но ако игра без прекин, тоа значи дека може да дојде до распад во семејството.

Индијците играњетоо на левото око го сметаат за знак на лоша среќа, додека десното трепкање претставува среќа, сосема спротивно од Кина.

Имаме многу различни верувања

Кај нас тоа има неколку значења. Некои тврдат дека играњето со десното око претставува исполнување на сите желби што сте ги замислиле, додека левото претставува лош знак. Сепак, постои и верување дека ако левото око на жената се грче, тоа претставува повторно обединување со маж кого долго време го немаат видено, па се претпоставува дека тоа е добар знак бидејќи за време на војната жените биле загрижени за дали нивните сопрузи ќе се вратат живи.

Еве уште неколку толкувања

Ако горниот дел од очниот капак на десното око ви трепери, тоа претставува радост во семејството, а долниот, создавање на ново пријателство.

Левиот горен очен капак, според верувањата, значи раѓање на машко дете во куќата, додека долниот дел носи лоши вести.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *