Жена што прегазила 11 годишно дете пратила полиција на домашната адреса на новинарката која пишувала за случајот

Полициско предупредување на домашна адреса заради објавен новинарски текст. Полицајци од Неготино, затропале на вратата на новинарката од ,,Фокус” Вики Клинчарова за да извршат службен разговор, поради поплака од страна на жената која пред три дена во центарот на Неготино со автомобил удрила 11-годишно дете.

Иако жената не била именувана во текстот, таа од полицијата побарала новинарката да биде предупредена бидејќи објавила невистинита содржина за случената сообраќајка. На реакацијата на „Фокус“ од МВР им посочиле Клинчарова случајот да го пријави во Внатрешна контола.

Реагираше и Здружението на новинари на Македонија. Најави претставка до Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР, со што ќе се бара одговорност за прекршување на полициските овластувања и во најкус можен рок бара санкции за одговорните лица.

„ЗНМ смета дека постапката на МВР да се предупредуваат новинари поради објавен текст е непримерна, несоодветна и непотребна , бидејќи на тој начин се врши притисок врз слободата на изразување на новинарите.

Бараме одговорност од полициските службеници кои ги злоупотребиле своите овластувања да одговараат за истите, односно против нив да биде поведена дисциплинска постапка“, пишува во соопштението на новинарското здружение.

Leave a Reply

Your email address will not be published.