На Youtube е објавено видео од слетувањето на патнички авион на Wizz Air на грчкиот остров Скијатос.




Авионот летал само неколку метри над главите на туристите, но некои успеале да го овековечат моментот. Многумина биле шокирани и изненадени кога авионот едвај ја поминал оградата на аеродромот.




Кога луѓето на плажата и на патот сфатиле дека пилотот лета многу ниско, почнале во паника да се фрлаат на земја. На снимката може да се слушне како некои посматрачи викаат изненадено поради татнежот на моторот. На крајот пилотот безбедно слетал на аеродромот.




Видеото досега го погледнале повеќе од милион луѓе на YouTube.




„Ова е најниското слетување што сум го видел“, „Ова е болно, но пилотот заврши одлична работа на крајот“, „Навистина се прашувам како се чувствуваа луѓето на плажата“, „Секоја чест за оној кој успеа да фати овој момент толку добро“, „Штета е што не го видов ова во живо“, пишуваат луѓето во коментарите.




„Ова за малку ќе предизвикаше катастрофа“, „Ова е опасно. Луѓето имаа среќа“, „Ова е нешто што ќе го паметам цел живот“, „Лудо“, „Тешко мене“, се дел од коментарите.
ВИДЕОТО можете да го погледнете ТУКА.



