(Видео) Дали на светот му се заканува полоша катастрофа од Чернобил? Облак од чад се шири над нуклеарката во Запорожје
Русија и Украина продолжуваат меѓусебно да се обвинуваат нападот на нуклеарката во Запорожје, а од најголемата електрана во Европа на социјалните мрежи се шири и видео.
На видеото се гледа облак од чад којшто според зборовите на очевидците, доаѓа од правец на електраната.
„Ројтерс“ пренесува дека генералниот секретар на ОН, Антониот Гутераш, поради тоа предложил електраната во Запорожје да прогласи дел од подрачјето околу себе како демилитаризирана зона.
Енергоатом, украинската агенција која управува со четири нуклеарни електрани во земјата, соопштила дека во четвртокот нуклеарната електрана Запорожје била нападната пет пати и дека некои од ракетите паднале во близина на просториите во кои се чува радиоактивен отпад.