Јоци доцна ноќва распали по Арсовска: Женава е изгубена

Јоци доцна во ноќта ја критикува Арсовска

Во продолжение нејзиниот статус

Два часа откако беше лупната во медиуми дека три недели не наименува директор и касапон уште раководи, нашава Живка (на Нушиќ) зема постави машински инженер за в.д директор на Зоолошка градина?

Пошто Живкава мисли дека Зоолошкана е место каде се монтираат делови за камиони и машини за производство на кечап и пекмез. Човечееее

Иначе, на Гугл никаде го нема чуеков, не можеме да најдеме кој е. Ко да се родил завчера.

Вака сеа, за појасно, долго се бавев со новинарство, а више не, па сите досегашни градски власти ги знам ,,на прсти”, тоа се два мандата на Пенов, еден на Трифун, два на Коце и еден на Шилегов. Сите ги ремперев, а они стануваа подобра верзија на себеси и работеа понапорно.

Ниеден од нив, не сменил волку директори за вака краток период. НИТУ ЕДЕН! Сите имаа тимови на сам почеток.

Од 18 години стаж и илјадници текстови за градов, три години бев уредник на ,,Скопска рубрика” во ,,Дневник”, док груевисти не ме сменија – без образложение.

Верувајте, ваков лик ко Живка – немало! Женава е изгубена, не знае каде се наоѓа, лута, блее, гувее и потоа на нервна база самата прави таков хаос меѓу 5.000 вработени да потоа тродупло го зголемува со својата неспособност и неоснован комплекс на виша вредност

На крај балонот изгледа ќе пукне кај буџетите и кај редовна исплата на плати.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *